Премиерот Христијан Мицкоски денеска кажа дека е подготвен да даде оставка и да замине од политиката ако СДСМ пронајде еден мигрант кој ќе дојде во државата од Велика Британија.
,,Бидејќи го спомна пролет. Оставам простор до пролет. Венко Филипче заедно со професорот Фрчковски заедно со Андреј Жерновски да бараат низ Македонија и да најдат мигрант којшто е дел од овој договор со Велика Британија или било каков договор којшто сме го преземале.
И ако најдат еден. Јас трајно ја напуштам политиката. Во спротивно, они да ми се извинат на мене и на граѓаните што шираат паника без потреба. Мислам дека е фер. Еве, ова јас го давам како понуда. Мислам, ова ќе важи бесконечно” рече Мицкоски.
Претходно лидерот на СДСМ Венко Филипче најави дека ќе поднесат резолуција до Собранието и ако таа не биде прифатена од власта тогаш ќе повикаат на протести против прием на мигранти.
