„Мојот последен анкетен лист како тогаш директор на најголемиот производител на електрична енергија во државата и компанија во државна сопственост тоа е „АД Електрани“ на Македонија не претрпел некои поголеми измени, но еве ако толку ја интересира македонската јавност и тоа ќе го кажам“,изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хриситијан Мицкоски на денешниот прес од партиското седиште.
Сопственик сум на индивидуална куќа која што се наоѓа во скопско Влае каде што живеам со мојата сопруга и со моите два сина. Имам патничко возило коешто го користам за да се превезувам. Не користам службено возило, го користам сопственото возило, имам кредит и имам лизинг. Кредитот служи за отплаќање на дел од градежните работи коишто ги вршев градејќи ја мојата куќа, а лизингот го отплаќам редовно, месечно за да ги отплаќам ратите за моето приватно патничко возило со кое се возам и денеска. Во партијата волонтирам, немам месечен надомест. Единствено примање коешто го имам е примањето како вонреден професор на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на машинскиот факултет“, тврди Мицкоски.