Месиќ за неотворањето преговори: Југоисточна Европа мора што поскоро да влезе во ЕУ

Поранешниот претседател на Хрватска Стипе Месиќ смета дека неотворањето на преговорите за зачленување на Северна Македонија и Албанија во Европската унија (ЕУ) беше лоша одлука на Брисел, која е штетна за целиот регион, но и за самата ЕУ, јави дописникот на МИА од Приштина.

Месиќ во интервју за приштинската агенција КосоваПрес вели дека приклучувањето во ЕУ на Југоисточна Европа ќе ѝ овозможми на Унијата да стане сериозен фактор во светот.

– Сметам дека ова е лоша одлука на ЕУ, бидејќи само обединета Европа може да биде сериозен фактор во светот. А, за да биде Европа еден таков фактор во светот, Југоисточна Европа мора што поскоро да влезе во ЕУ, изјави Месиќ.

Стјепан Стипе Месиќ беше претседател на Република Хрватска од 2000 до 2010 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e