Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, објави статус на социјалната мрежа Фејсбук со кој го најави почетокот на чествувањето на празникот на Армијата, 18 Август.
– Денешниот ден им го посветувам ним. На нивната упорност, истрајност, дисциплина и посветеност. Иако официјалниот празник ни’ е в недела на 18 Август, чествувањето го почнавме денес со доделување награди, признанија, одликувања и унапредувања. Честит роденден Армијо наша! – напиша Шекеринска.
По повод празникот Шекеринска сподели и една убава вест за припадниците на АРМ. Имено донесен е нов Правилник за надоместоци на воениот и цивилниот персонал за учество во мировни или хуманитарни операции во странство.
За празникот на нашата Армија, една убава вест: Донесовме нов Правилник за надоместоци на воениот и цивилниот персонал за учество во мировни или хуманитарни операции во странство. Со него, сите “мировници” ќе продолжат да ја примаат својата основна армиска плата, а вкупниот месечен износ кој ќе го добиваат ќе се зголеми за 500-700 евра за сите војници и подофицери. Работиме постојано на подобрување на условите во Армијата. – порача Шекеринска.
Правилникот во целост можете да го погледнете на следниов ЛИНК.