Мерка притвор за убиецот во Тафталиџе

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против лицето осомничено за вчерашното убиство во Тафталиџе и побара мерка притвор.

Истражната постапка се спровдува поради сомнение за извршени кривични дела – убиство од чл.123 ст.1, убиство од чл.123  ст.1 во врска со чл. 19 (обид), како и недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 од Кривичниот законик.

На 20 декември, на улица „Московска“ во Скопје, осомничениот неовластено држел огнено оружје – пиштол марка „Чешка Зброевка“ модел VZOR 50 cal калибар 7.65. Со оружјето со умисла лишил од живот едно лице, а уште едно се обидел да лиши од живот.

Кога оштетените татко и син дошле пред дуќанот на осомничениот и почнале да тропаат на вратата, упатувајќи му закани да отклучи и да излезе надвор за да ги решат меѓусебните недоразбирања, тој без да отклучи го извадил пиштолот кој го држел без дозвола и го насочил кон нив.

Во тој момент тие се оддалечиле, па осомничениот ја отклучил вратата, мислејќи дека си заминале. Тогаш ги забележал како повторно се приближуваат, па пак влегол во дуќанот и го зел пиштолот и започнал да пука кон нив.

Еден од оштетените починал на лице место, додека другиот се здобил со тешки телесни повреди – огнострелни рани во пределот на десниот колк и абдоменот.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e