Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Нколовски заедно со премиерот Зоран Заев, денеска имаа работна средба со менаџментот на „Sunbulah Group“ од Кралството Саудиска Арабија, која важи за една од најголемите компании за преработка на храна на Блискиот Исток и има претставништва во повеќе од 35 држави.
„Sunbulah Group“ изрази интерес за инвестирање во преработувачки капацитети во делот на зеленчук и овошје во Република Северна Македонија, но и во останатите земјоделски сектори. Во следниот период планираат да имаат неколку посети на терен, за да се уверат во бизнис поволностите што ги нудиме како држава.