Меѓународниот аналитичар Крастев смета дека ВМРО-ДПМНЕ е проруска и води до самоизолација на С.Македонија

Меѓународниот аналитичар Николај Крастев смета дека руските и белградските интереси се совпаѓаат во однос на Северна Македонија. Според него, зголемувањето на антибугарската реторика во последно време е загрижувачка.

-Пред две години Бугарија стори се што можеше да го посвети своето претседателство со ЕУ на проширувањето кон Западен Балкан и особено кон Северна Македонија. Не Владата во Скопје, туку опозициската ВМРО-ДПМНЕ стои зад прашањето со македонското малцинство во Бугарија и на тој начин е против духот на Договорот меѓу Софија и Скопје, разгорувајќи нови националистички страсти на таа тема, вели Крастев.

Според него, политиката на ВМРО-ДПМНЕ е проруска и води до самоизолација на Северна Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e