Генралниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на седница на Централниот одбор е избран за Шеф на Централниот изборен штаб.
Николовски беше Шеф на Централниот изборен штаб на СДСМ на минатогодишните избори на кои владејачката партија ја победи ВМРО-ДПМНЕ после цели 18 години на едни парламентарни избори.

“Благодарам на членовите на Централниот одбор и на претседателот Зоран Заев, за довербата која што ми е дадена да бидам избран за Шеф на Централниот изборен штаб на СДСМ. Тоа за мене е чест, голема одговорност но и мотив!
Машината којашто победува е во погон! СДСМ е фаворит на локалните избори!” – се заблагодари Николовски.
