Маричиќ: Сите случаи на СЈО мора да бидат разрешени, нема никаков политички договор за предметите

Бојан Маричиќ кој вечерва е гостин во ТВ21 во емисијата „Клик Плус“ истакна дека сите предмети од СЈО мора да добијат разрешница, и дека е убеден дека нема политички договор за неказнивост во овие предмети.
„Токму тоа е главната мотивација за филтрирање или прочистување“, вели Маричиќ и додава:

„Зошто постапките од СЈО не се разрешени? Европската комисија бара што поскоро расчистување на тие слуаи. Ние тоа поглавје мора да го затвориме, сите случаи мора да добијат завршница. Еве сведоци сме како во случајот Рекет имавме експресна одлука. И сега не гледам причина зошто не би било така и во другите случаи на СЈО“, смета Маричиќ.
Министерот на прашањето на ТВ21 дали можеби има некаков политички договор, одговори:

„Ако би имало политички договор, јас не би бил тука, и нема никаков политички договор за неказнивост. И тоа не смее да го има, затоа што е спротивно од нашето владеење. Ако имаше такво нешто, тогаж желба за неказнивост ќе имаше и во Рекет“, изјави Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e