Процесот на евроинтеграциите е скап процес, а финансиската поддршка што земјата ја добива преку ЕУ фондовите е во насока на воведување на европските стандарди дома, истакна Бојан Маричиќ.
„Испрограмирани се 21.500.000 евра ИПА помош за 2022 година кои чекаат одобрување, за подобрување на патната инфраструктура и поголема безбедност на патиштата“, посочи Маричиќ.