Маричиќ: Нова европска финансиска поддршка за три проекти со вкупна инвестиција од 98.9 милиони евра

Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување официјално го извести вицепремиерот за европски прашања и Национален ИПА координатор, Бојан Маричиќ за трите проекти кои беа одобрени на 30 јуни 2023 година на состанокот на Оперативниот борд на Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), во која аплицираме на секој повик и во која имаме редовно поддршка на проекти, одобри 24 милиони евра грантови за три проекти, два во секторите енергетика и еден во транспорт, кој се однесува на Коридорот 8 за изградба на експресниот пат Крива Паланка – Страцин. Грантот е во износ од 14 милиони евра, а вкупната инвестиција од 36,7 милиони евра е поддржана со заем од Светска банка.

Во областа на енергетиката станува збор за два проекти, од кои едниот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, грант е во износ од 2,2 милиони евра, а вкупната инвестиција од 27,5 милиони евра, која е поддржана со заем од Светска банка. Грантот е побаран за да може да се интервенира и зголеми енергетската ефикасност на 18 здравствени објекти и тоа 4 во Скопје и Валандово, Крива Паланка, Герман, Злетово, Кратово, Пехчево, Штип, Пробиштип, Демир Хисар, Демир Капија, Долни Дисан, Ресен, Лозово, Неготино, Дебар.

Вториот грант од секторот енергетика е од 8 милиони евра е за зајакнување на мрежата за пренос на струја во југоисточен регион, со вкупна инвестиција од 34,7 милиони евра, поддржана со заем од ЕБРД. Целта на проектот е да се овозможи приклучок на мрежата за струја произведена од обновливи извори на енергија од хидроцентрали, соларни централи, ветерници и со тоа се зголеми независната на земјата за производство на сопствена струја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e