Маричиќ: Неодговорната опозиција ги блокира законите од заеднички интерес

„Фактот што немавме функционално собрание половина година мораше некои закони да се донесат по итна постапка со цел да може некои мерки што побрзо да се имплементираат за здравствено и економско справување со пандемијата. Оваа година беше вонредна по многу нешта и не трба да се зема како репер. Кога на сео ова ќе видиме дека имаме неодговорна опозиција, која ги блокира законите од заеднички интерес, уште повеќе се оправдува носењето на закони по итна постапка. Иако мислам дека треба да ја практикуваме редовната процедура, сепак во многу ситуации немаме излез, а законските решенија налагаат итност, затоа што речиси секогаш се поврзани со подобрување на животот на граѓаните.“- изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ, во емисијата Агенда 35, на МРТВ.

Во интервјуто напомена дека главна задача на министерството е да создаде услови да се спроведуваат законите, да направи филтрирање на судството и да воспостави систем за владеење на правото.

„Сите форми на владеење на правото се важни. Високата корупција е секогаш индикатор дали може да се справиме со случаите во кои има политчки интререс, ако може, тоа ќе биде знак дека можеме да се справиме и со големите случаи . Демократски принцип за владеење на правото е довербата кај граѓаните. Ако тие веруваат во судскиот ситем и генерално во институциите, тогаш значи добро ја вршиме работата. Кај правосудството се забележува одреден раст на довербата, дали ќе остане така ќе зависи колку посветено ќе работиме.“- заклучи Маричиќ.

Владеењето на правото не е клучен приоритет само за нашата Влада, туку таа тема стана актуелна и во Европската Унија, па за прв пат се најави мерка дека оние држави кои нема да ги почитуваат принципите за владеење на правото нема да можат да користат некои од фондовите на Унијата.

„Она што е важно и за нас и за членките е дека, ЕУ се обидува да го наметне владеењето на правото како принцип без кој ниту една држава нема да може да функциоинира. Извештајот на ЕУ во врска со оваа тема е поднесен и има остра критика кон Унгарија и Полска. Недоволни залагања постојат и од други држави, како Романија и Бугарија, но за нас ова ќе биде основен принцпи и нема бегање од владеење на правото. Она што е исто така добро, членките кои не го почитуваат принципот на владеење на правото остануваат без пристап до фондови. Оваа битка е клучна за воспоставување на владеење на правото. Ние остануваме на определбата за правна држава и за тоа дека законот мора да важи подеднакво за сите.“- изјави министерот Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e