Маричиќ: Максимално користење на ИПА средствата за реалните потреби на граѓаните

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Бојан Маричиќ денес одржа координативен состанок за претпристапните ИПА фондови со вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на кој разговараа за актуелните активности од Интервентен план за инвестиции и за следните чекори и приоритети кои произлегуваат од првата фаза на Национална стратегија за развој 2021 – 2041 година.

– Искористувањето на ИПА финансиските средствата мора да биде за реалните потреби на граѓаните, затоа и координирано пристапуваме во планирањето и креирањето проекти кои ќе се темелат врз приоритетите на Националната стратегија, а истовремено ќе се во кохезија со европските политики, рече вицепремиерот Маричиќ.

Вицепремиерите Маричиќ и Битиќи посочија дека, без разлика на кризата што се случува насекаде низ светот, не се откажуваме од она што е приоритет за Владата, а тоа е спроведување на реформската агенда, регионалниот развој и создавање услови за нови инвестиции, со цел напредок во евроинтеграцискиот процес и постигнување на европските стандарди и вредности дома, за нашите граѓани.

Во рамки на средбата вицепремиерите ги договорија следните активности во делот на проекти од Европскиот и инвестициски план како приоритетни за финансирање преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, со фокус на зелената агенда на Република Северна Македонија, особено преку инвестициите во обновливите извори за енергија и управувањето со отпадот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e