Маричиќ: Европската Зелена агенда значи зелена транзиција на нашата земја

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, по повод Светскиот ден на планетата Земја, на својот „Фејсбук” профил напиша дека Зелената агенда претставува зелена иднина и иднина на просперитет и дека сега е време да се искористи политичката волја за европските реформи и сите да се посветиме на нејзината суштина и прашањето како да постигнеме економски раст со зачувување на планетата Земја.

– Социјалната свест за здравјето на планетата Земја треба да биде наш закон и обврска, а не само еден ден во годината. Здрава планета Земја значи здрава иднина. Затоа грижата за неа е во рацете на сите нас. Да ја сочуваме планетата Земја и да ја оставиме здрава за генерациите кои доаѓаат, наведува Маричиќ.

Вицепремиерот Маричиќ вели дека процесот на зелена транзиција е напорен, долг, системски и исклучително скап, но ова е тема која ги надминува идеологиите и мора да биде предмет на интерес на сите чинители во општеството, од централното и локално ниво на власта, преку академската заедница до бизнис заедницата.

– Во таа насока, новиот инструмент на ЕУ за претпристапна помош (ИПА III), е со вкупен буџет од над 14 милијарди евра за периодот од 2021-2027 година, кој најголем дел е планиран на проекти поврзани со Зелената агенда, кои мора максимално да ги искористиме, смета вицепремиерот и Национален ИПА координатор, Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e