Маричиќ: Доаѓа сметката за лицемерната политика на едно кажување во странство, друго кажување дома

Доаѓа сметката за лажниот патриотизам и за лицемерната политика на едно кажување во странство, друго кажување дома, изјави денеска специјалниот советник на премиерот Зоран Заев, Бојан Маричиќ во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа ТВ, на која гостуваше заедно со Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, за различните изјави на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски во однос на Договорот за добрососедство со Бугарија.

– Брендот ваш за овој договор беше „капитуланскиот“ Договор со Бугарија и „предавничкиот“ Договор од Преспа. Значи, јас се согласувам дека ова се тешки компромиси, за сите. Меѓутоа беа неопходни, неопходни заради што ова Влада одлучи да гради политика на: Пријателство и добрососедство заради доброто на своите граѓани, заради отварање на граничните премини поголема соработка меѓу државите, вели Маричиќ.

На репликата на Муцунски дека такви премини се уште не се отворени, Маричиќ вели дека на тоа се работи.

– Денеска добивме уверување од грчкиот министер за надворешни дека ќе се отвори Маркова Нога, бидејќи зависи од нив, има одлука на Владата и за Клепало… со Бугарија е во двоцифрен број зголемена трговијата, со Грција исто така, додава тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e