Маричиќ: Битката со КОВИД-19 на некој начин го диктира и темпото во европските интеграции

Бојан Маричиќ, Национален координатор за интеграции во ЕУ, правен експерт, во интервју за ЦивилМедиа зборува за напредокот на Северна Македонија во процесот на интеграциите во ЕУ. Тој одговори на прашањата кои се итните задачи и дали е возможно нивно спроведување во услови на пандемија, а секако и на многу важното прашање за должината на тој процес.

 До каде е Северна Македонија во процесот на интеграциите, кои се итните задачи и дали воопшто е можно нивно спроведување во услови на пандемија? Со кои ресурси располага Владата во овој момент?

МАРИЧИЌ: Почетокот на преговорите за членство во ЕУ е навистина голема работа за Северна Македонија, кој го чекаме долго време и за што активно сме работеле решавајќи крупни прашања и донесувајќи тешки одлуки за определени области. Меѓутоа, многу е важно што се случи таа одлука на 26 март и што можеме веќе да се подготвуваме за почеток на преговорите. Нормално, ситуацијата со раширувањето и битката со вирусот КОВИД-19 на некој начин го диктира и темпото на работа во сите други политики, а така  е и во европските интеграции.

Ние започнавме со подготовка на почетокот на преговорите, на таа преговарачка рамка, овие денови имаме интензивна комуникација со колегите од Брисел, бидејќи таа преговарачка рамка се прави во координација меѓу нашата Влада и Европската Комисија и понатаму наредната фаца и државите членки. Мислам дека е важно да се каже дека ние влегуваме подготвени во овој процес, бидејќи поминавме технички или објаснувачки скрининг со Европската Комисија за сите 33 поглавја и сега практично истите ќе ги организираме во кластери според новата методологија на ЕУ, и јас би очекувал некаде на почетокот на јуни веќе да имаме нацрт на преговарачката рамка,  која што ќе почне да се дискутира со државите членки и која ќе биде основа за формален почеток на преговорите или во текот на летото или есента.

Тоа ќе зависи и од динамиката со корона вирусот, но, секако и од тоа како ние се подготвуваме. Нас ни е мило што Европската Комисија и Европската унија не нѐ заборавија во овие моменти и што продолжува работата толку нормално и редовно колку што е можно во овие услови, но не е застаната, ниту во делот на координација на помошта што ја добиваме од ЕУ, ниту во делот на координација на почетокот на преговорите и ние имаме веќе подготвена правна рамка и луѓе во институциите, секако во постојана координација сме и со граѓанскиот сектор, експертите од академската јавност, но исто и со експертите од пракса – компаниите, стопанските комори, разните институции кои работат конкретно во определена област, така што ние подготовките ги тераме, дел се и завршени и подготвени сме како институции и како држава да ги почнеме преговорите и овој процес за кој веќе долго чекавме.

Како општество мислам дека уште повеќе бидејќи навистиа чекајќи долго станавме свесни што значи да сте внатре, а што значи да сте надвор од ЕУ. За жал имавме еден тежок период од 11 години застој, во време на режимот на Груевски, кој за среќа со интезивна работа го надоместивме во еден голем дел во овие три години.

Целото интервју прочитајте го на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e