Маричиќ: Бараме решение за „сите жртви од режимот на Груевски“

Бојан Маричиќ, министерот за правда во „Клик Плус“ на ТВ21 објасни што значи тоа „сите жртви од режимот на Груевски“.
Маричиќ истакна дека изразува целосно разбирање за сите семејства кои „настрадале“ од режимот на поранешниот премиер Груевски. Станува збор за 300 семејства кои имале најразлични трауми, а еве што одговори Марилиќ.
„Прво да кажам дека изразувам целосно разбирање со сите семејства кои пострадаа во режимот на Груевски, и реално имаа последици од тоа владеење. Тоа се навистина жртви кои беа во своето слободно медиумско делување. Тоа е траума врз нашето општество, и таа траума треба да добие разрешница“, изјави Маричиќ и додаде:
„Затоа разговараме за законот и можеме да најдеме решение. Критериумите се важни особено во тоа како да дојдеме да ги опфатиме оние кои навистина биле жртви. Со оглед дека законот е веќе во Собрание, ќе го менуваме со амандмани“, изјави министерот за правда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e