Манчевски: Советничката на Стаменковска-Стојковски го прекрши Законот за вработени во јавен сектор, во работно време одржала партиски прес

Советничката на Невенка Стаменковска Стојковски, Марија Петрушевска, вчера одржа партиска прес конференција во работно време, иако се уште е вработена во МИОА, посочи министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

„На тој начин го прекрши Законот за вработени во јавен сектор, каде јасно се забранети секаков вид на политички дејствување во работно време.

Деполитизацијата и професионализацијата на јавниот сектор се само декларативни заложби на ВМРО ДПМНЕ, додека во реалноста се однесуваат сосема поинаку. Оваа партија продолжува да не прави разлика помеѓу државата и партијата. Во текот на три години владеење на СДСМ, ниту еднаш и ниту еден функционер не си дозволил вакво нешто. Добро е што функционерите на ВМРО ДПМНЕ често не потсетуваат на начинот на кој размислуваат и се однесуваат.

Граѓаните се свесни за разликата во принципот на работа и почитувањето на етичкиот кодекс и тоа го покажаа и на изборите.

Државата продолжува да чекори стабилно напред по евро-атлантскиот пат!

Реформите ќе продолжат со засилено темпо!“, посочи Манчевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e