Манчевски: Нема да дозволиме пред избори притисок врз администрацијата како порано

Овој концепт на техничка влада беше донесен за решавање на политичката криза, и сега се поставува прашањето дали е потребна ваква влада без криза. Но сепак истата придонесува во зголемување на доварбата кај граѓаните, изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Во однос на објавите дека е вршен притисок врз вработените од администрацијата да излезат на вчерашниот марш за правда организиран од страна на СДСМ, Манчевски вели дека се работи за лажни вести и дека голем дел од информациите биле проверени по што било утврдено дека се невистинити.

Манчевски во вечерашната дебата на Канал5 телевизија изјави дека дополнителната заменичка министерка во министерството, Невенка Стаменковска Стојковски шири лажни вести во однос на тоа дека се врши притисок во однос на изборите врз вработените во администрацијата.

-Мора да престанете да ширите лажни вести, токму поради тоа што сте заменичка министер во министерство кое треба да го спречува тоа. Портал без никаква одговорност објавува нешто, потоа го презема функционер и од тоа прави поголема вест. До 2017 ова се случуваше затоа се доведовме во таква состојба со медиумите. Вие го направивите тоа, такво нешто не смее да се случи. Тоа го направивте со вработените во катастар и вработените во училиштето во Куманово за кои велевте дека се вршело притисок да дојдат во Скопје на маршот за правда. Во една институција проверивме, вработените беа таму, исто така во училиште во Куманово, имаше слика од празна училница, но не држи вода бидејќи во тоа училиште навечер настава има само една паралелка, и се обрати Манчевски на Стаменковска Стојковски.

Тој додава дека владата апсолутно не смее, ниту пак ќе си дозволи дамка да падне на изборите од овој аспект. Манчевски вели дека во текот на следната недела ќе објави онлајн алатка каде вработените анониммно ќе можат да пријават евентуален притисок или прекшување на законите.

-Доколку има дојава истата ќе треба да се процесуира понатаму. Не смееме да дозволиме да ни се случат сликите од минатото каде имаше силни притисоци особено пред изборите врз вработените во јавната администрација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e