Манчевски на Топ тема: Чулев одамна требаше да е разрешен, Мицкоски измисли услови за избори

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма зборуваше за изборниот процес и за измислените услови на ВМРО ДПМНЕ кои воопшто не биле издржани.

„Одговорноста за целиот процес е кај сите институции, но за ваквиот резултат околу пандемијата вина имаат и верските заедници. Дел од верските заедници ни се обраќаа со дописи дека тие ќе го направат тоа што го сакаат, па владата нека прави што сака. Во дописите стоеше дека вратите на верските објекти ќе останат отворени и дека верниците може слободно да доаѓаат. И тогаш министерот Чулев реши да не казнува. Да имаше собрание Чулев ќе беше разрешен одамна, но немаме систем како да го направиме тоа. Инаку, кога полицијата ви вели јавно нема да казнува, тогаш рацете на институциите се врзани, и затоа ваква влада не може да опстои понатаму. Врзани ни се рацете затоа што немаме парламент. Затоа зборувавме за избори цело време.“- рече Манчевски.

Тој ги искоментира и условите кои ги постави ВМРО ДПМНЕ за да има избори, иако тие услови веќе беа исполнети.

„Условите на ВМРО ДПМНЕ со ОБСЕ и со протоколите не знам зошто беа поставени. Тие зборуваа за избори на крај на август или септември. Потоа поставија услови кои се нереални. Сега Мицкоски напаѓа дека ситуацијата не е добра, а од друга страна повикува гласачи на избори.“- дополни Манчевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e