Манчевски: Изборите се одложуваа поради стравот на Никола Груевски

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски денес одговараше на прашања од медиумите.

Медиуми: Како партија, ваш став за исполнување на условите, дали може да се одржи лидерската средба, дали се исполнети критериумите и како ќе одговорите на обвинувањата од ВМРО ДПМНЕ кои постојано викаат дека се зависи од Вас и од Заев доколку вие дадете пас избори да има?

Манчевски: За тоа дали има услови или не за тоа ќе проценат лидерите на партиите на лидерската средба. Се уште е прерано за се друго. Избори можеше да има многу порано, доколку се извршеше прочистување на избирачкиот список и реформа на медиумскиот простор, зависеше од Никола Груевски. До сега се одложуваа само заради него.

Медиуми: Во врска со ад-хок телото, денес треба да се избере петтиот член на комисијата. Дали ќе има конечно формирање на таа комисија за избирање на петтиот член?

Манчевски: Да почекаме до крајот на денот и да видиме. Понекогаш и кога најмалку сме се надевале, знаеле да ве изненадат договорите.

Медиуми:Денес ќе се објави името на петтиот член?

Манчевски: Останува да видиме.

Медиуми: Господине Манчевски, дали сега дознавте за овие канали и за овие недостатоци кои се доста оштетени од поплавите. Зошто порано не алармиравте за овие инфраструктурни проблеми во овој дел?

Манчевски: Токму Љупчо Николовски ќе зборува на оваа тема, имаме и поднесено конкретни кривични пријави баш за тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e