Малески: Треба умно да градиме позиции бидејќи нашата земја никогаш немала поголема поддршка од Европа

Мислам дека е неразумно дека самата Франција може да пресуди за целокупната судбина на ЕУ и севкупниот план за проширување на унијата. Силата на Франција не е толкава, ниту на било која друга членка. Очигледно балансираат за други прашања. ЕУ може да ја смени динамиката, методологијата, да ги разниша плановите, но не дека одбивањето на Франција е судбинско прашање. – рече вечерва професорката Катерина Колозова во „Топ тема“ на Телма ТВ.

-Треба да бидеме свесни за моќта на С. Македонија регионално и глобално. Франција може тоа да се дозволи. Да бидеме свесни со кого и што имаме работа. Да градиме позиции, да не звучиме како Калимеро „неправда, неправда“. Треба умно да градиме позиции бидејќи нашата земја никогаш немала поголема поддршка од Европа. Реалноста е дека 90 отсто од економијата ни е со ЕУ.  – рече екс амбасадорот Огнен Малески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e