Во услови на вонредна состојба, Владата донесе уредба со законска сила за примена на електронски фактури. Со уредбата, која е донесена како мерка за превенција, ќе се избегне изготвувањето и доставата на фактури во хартиена форма и ќе се поттикне електронското плаќање од дома без непосреден контакт.
Согласно оваа уредба, Македонски Телеком ги известува корисниците на мобилни услуги и Magenta 1 пакети, кои немаат активирано е-сметка, дека ќе добијат известување и насоки за преземање на сметката за месец март преку SMS порака.
Оние корисници пак кои имаат активирано e-сметки, ќе продолжат да ги добиваат на истиот начин и во истиот формат и во иднина.
На деловните корисници на мобилни услуги и Magenta 1 Business пакети, е-сметката ќе им бидe доставенa само преку електронска пошта.
Kорисниците на фиксни услуги и сите останати корисници на Македонски Телеком кои сѐ уште немаат активирано е-сметка, може да го направат тоа брзо и едноставно на следниот линк или преку Telekom MK App.
Дигиталното плаќање е од заеднички интерес на сите граѓани, од една страна за заштита на животната средина, од друга како превенција на непосреден контакт и зачувување на здравјето на сите во овие вонредни услови.
Електронските сметки можат брзо и едноставно да се платат од дома: онлајн на telekom.mk или преку Telekom MK App со платежна картичка.
Со приемот на електронските фактури, корисниците ги задржуваат истите права и обрски, но и покрај ова, доколку корисниците сакаат да продолжат да примаат сметка во хартиена форма, во рок од 10 дена по примањето на ова известување, треба да нè контактираат на 148 888.