65. издание на Изборот за песна на Евровизија 2020 е веќе закажан во Ротердам во Нидерланд. Ќе се одржи во „Родердам Ахои“ во 3 фестивалски вечери, односно две полуфинални и една финална вечер. Интересен е фактот што оваа година Македонија ќе настапи прва во првото полуфинале, кое веќе е закажано за 12 мај, со почеток во 20 часот.
Оваа година македонски претставник на Изборот за песна на Евровизија е струмичанецот Васил Гарванлиев, кого публиката го памети по култната детска песна „Марионка“.
Гарванлиев е роден во Струмица на 2 ноември 1984 година. На музичката сцена прв пат се појавува на 7 години, а со детската песна Марионка, станува популарен, а песната станува евергрин. На 10 годишна возраст се преселил со семејството во САД. Кога имал 17 години, неговото семејство е депортирано од САД. Во Чикаго, пред да почне да се занимава со оперската музика, тој пеел поп соло. Потоа живеел во Милано, Италија. На аудиција. во Торонто, во Кралскиот конзерваториум бил примен со целосна стипендија и таму останал 9 години.
Од 2018 година повторно се вратил во Македонија и сега живее и работи во Струмица. Минатата година се појави на Изборот за песна на евросонг како пратечки вокал на Тамара Тодевска за песната „Прауд“, со која до сега го имавме најголемиот успех на овој спектакуларен настан. Во неготово портфолио може да се пофали дека настапувал со многу познати ѕвезди како Нели Фуртадо, Џули Ендрјус, „Њу кидс он д блок“, Енрике Иглесијас, Селин Дион и др.
На крајот на 2019 година ја промовираше и неговата најнова песна, насловена „Патувам“.
А Гарванлиев во мај патува за Ротердам, каде ќе ја претставува Македонија, а во сабота на 16ти мај ќе се знае и пободникот на овој избор за песна на Евросонг, влезниците за овој настан, од денес се достапни на официјалниот сајт на Евросонг.