И Луковски бил уценуван од Боки 13, му зел 250 илјади евра, тврди Камчев

Бизнисменот Орце Камчев при денешното сведочење за „Рекет“ изјави дека случајот „Империја“ бил конструиран во август 2018. Боки 13 во неколку наврати му укажувал преку понуда за бизниси дека се отвора предмет, кој според Камчев е конструиран од Боки 13. Од Јовановски сведокот добил понуда за пи-ар реклама, Камчев му понудил 50.000 евра на што Боки 13 се навредил за висината на сумата.

Во својот исказ Камчев рече дека потоа Боки 13, заедно со третообвинетиот во „Рекет“, Зоран Милевски-Кичеец, кој ја призна вината и беше осуден на три години затвор, му понудил бизнис за отворање фешн молови. На договорот, кој го понудил Боки 13 на крајот бил потпишан синот на Катица Јанева, но Камчев го одбил.

Според неговиот исказ му била понуден друг проект за пензионерски домови, а на тој состанок му побарал четири милиони евра.

-Во меѓувреме платив 180.000 евра за реклама на неговата телевизија. Потоа ми пушти слика со обвинителката Јанева, по што ми кажа дека се спрема нешто големо против мене, изјави сведокот и додаде дека „Рекет“ е конструиран од Боки 13 и уште неколку луѓе.

Сведокот рече дека и обвинителката Лиле Стефанова преку нејзиниот пријател Ванчо Чифлиганец барал средства за ќерката на Лиле за ординација во зградата на Адора.

Камчев го спомена и покојниот директор на Телеком Жарко Луковски, кој исто така бил уценуван од Боки 13 дека ќе заглави во „Империја“ и еднаш му платил 10.000 евра, а потоа уште 250.000 евра.

Камчев потоа бил приведен и понудил гаранција за домашен притвор, а во првите денови во фирмите имал и испекции во сите компании. Ова, рече тој беше смислен притисок од Боки 13, преку Стефанова и Јанева.

Камчев се консултирал со пријатели од Бугарија, кои го поучиле да му даде пари на Боки 13, но да бидат означени и снимени.

Тој му понудил на Јовановски 250.000 евра, а Боки 13 му пренел дека Јанева е многу нервозна, по што Камчев одлучил да му го исплати милионот.

Сведочењето продолжува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e