Даночните обврзници ги користат мерките за финансиска поддршка на работодавачи и ослободување од плаќање аконтации за ДД и ДЛД, истакна на Фејсбук директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.
„Вкупно 356 барања за финансиска подршка за исплата на плати 📃 (Образец БФП-ИП ) се поднесени до Управата за јавни приходи преку системот Е- даноци во текот на вчерашниот ден (01.05.2020).
Врз основа на Уредбата за финансиска подршка за работодавачите за исплата на платите за месеците април и мај
2020 година која беше изменета и дополнета на 1 Мај 2020, Управата за јавни приходи истовремено го постави образецот📃 БФП-ИП согласно измените и го овозможи поднесувањето на 📃Барањето за оваа финансиска поддршка, а резултатите се веќе очигледни уште на првиот ден“, посочи Лукаревска.
„Затоа уште еднаш ги повикуваме работодавачите да аплицираат за оваа финансиска поддршка 14.500 денари за исплата на плата за секој вработен, и да ја користат оваа поволност која ја донесе Владата на Република Северна Македонија, се со цел намалување на последиците од здравствено – економската криза Корона вирусот COVID -19 која го зафати целиот свет.
Даночните обврзници ги користат и другите анти-кризни мерки, односно ослободувањата од плаќање на аконтации на Данок на личен доход и Данок на добивка.
Барање за ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за месеците март, април и мај 2020 година,образец (ДД-ОМА) досега поднеле 688 даночни обврзници, а за ослободување од плаќање на аконтации на данок на личен доход, образец (ДЛД-ОМА) поднеле 380 даночни обврзници.
Овие барања се комплетни и истите се потврдени од страна на Управата за јавни приходи“, заклучи Лукаревска.