Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, за емисијата „Топ тема“ изјави дека следејќи го претходниот пример во претходните мерки, каде што сите оние компании кои ја злоупотребија државната помош, сносија кривична одговорност, повторно ќе се постапува на ист начин.
„Секоја компанија ќе добие кривична пријава. Овој пат, јас ќе инсистирам од месец за месец да ги објавуваме сите оние компании што нема да ја исплатат помошта за работниците. Ќе работиме заедно со државниот завод за труд“, нагласи Лукаревска.
Таа дополни дека ќе се борат против сивата економија, не само преку Законот за регистрација на готовинските плаќања, туку пред се на оние закони за ДДВ, данок на добивка, данок на личен доход.
„Секако сметаме дека во 2021 година, ќе имаме засилени контроли во делот на потеклото на имотот кај граѓаните“, вели Лукаревска.