Лукаревска: Oд денес Вашиот остварен износ за поврат на ДДВ ќе можете да го донирате со што ќе учествувате во борбата против коронавирусот

Почитувани корисници на апликацијата Мој ДДВ од денес Вашиот остварен износ за поврат на ДДВ за првите три месеци од 2020 година ( јануари, февруари и март) ќе можете да го донирате со што ќе учествувате во борбата против Коронавирусот COVID-19, напиша на Фејсбук директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаровска.

„Во апликацијата МојДДВ на располаѓање се опциите:
✅ДА ,,го донирам мојот поврат на ДДВ ‘’
и
✅ НЕ ,,благодарам’’.

Физичките лица кои ќе одговорат потврдно даваат согласност за донирање на целиот износ , додека оние кои ќе одговорат негативно ќе имаат можност да го сменат своето мислење до 5 мај 2020 година.

Управата за јавни приходи ќе започне со исплата на повратот за првото тримесечје (јануари, февруари и март 2020) од 6 мај 2020 година“, истакна Лукаревска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e