Лукаревска: Националната Стратегија ќе биде основ за развивање на институционалните капацитети

Националната стратегија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот 2021-2023 јасно ги дефинира целите и механизмите за соработка и координација помеѓу институциите, истакна директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

„Со заедничка заложба и поголема проактивост на институциите ќе се придонесе за навремено и ефективно водење на финансиските истраги и поуспешно имплементирање на мерката конфискација на имот.
На денешниот настан посветен на промоција на Стратегијата, посочив во кој дел Управата за јавни приходи ќе придонесе во нејзината реализација бидејќи како даночен орган согласно законските надлежности нема истражни овластувања, и нема да спроведува истражни дејствија, но како неопходен орган во алката на спроведувањето на финансиските истраги активно ќе биде вклучена во повеќе области со цел откривање на криминалот и корупцијата“, посочи Лукаревска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e