Лукаревска: Излезете и гласајте за бројот три, за повисоки пензии и плати, за развој и заедништво

Бесомпромисно се боревме да ја вратиме слободата и успеавме, вложувавме во човечкиот капитал наместо во погрешни инвестиции, се боревме да ги задржиме младите тука дома, не ги бркавме од државата, се боревме за граѓаните а не ги уценувавме, решававме проблеми а не ги создававме, ги враќавме парите кај граѓаните. Ова е нашата заложба и за вториот мандат, рече Лукаревска, носител на изборна листа во ИЕ2 на централната трибина на коалицијата МОЖЕМЕ во Скопје.

-Колку ли работни места ќе се отвореа ако 650 000 евра не отидеа за кич, барок, стиропор и лажен сјај. Колку ли платите ќе се зголемеа ако не се расврлаа пари на галии и на скапи палми, колку ли ќе се вложуваше во човечкиот капитал ако не се даваа парите за белата палата на ВМРО ДПМНЕ од која што гласно бараат обнова, а тоа значи обнова на режим. Тоа не смееме и нема да го дозволиме. Ја барам вашата поддршка на 15 јули, барам да ни дадете шанса за втор мандат, да излезете да гласате за бројот 3 затоа што бројот 3 значи повисоки пензии и плати, бројот три не носи на европскиот пат, бројот три значи напредок и развој, заедништво и благосостојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e