Лукаревска: Со чинот на гласање овозможуваме нашата држава да оди напред

-Денеска e празник на демократијата, празник на граѓаните, посочи носителката на кандидатската листа на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ во ИЕ 2, Сања Лукаревска откако денес го оствари своето право на глас.

„Граѓаните можат да си го остварат своето уставно право, да излезат да гласаат, затоа што сите гласачки места се безбедни и се почитуваат здравствените протоколи. Ова е ден кога треба да се гласа за концепти. Ден кога со чинот на гласање овозможуваме нашата држава да оди напред, да има економски раст и развој, да има стабилност и сигурност. Затоа секој граѓанин треба да си го оствари своето гласачко право и да гласа за подобро утре на својата држава“, истакна Лукаревска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e