По повод 2 Август – Денот на Републиката, делегација на СДСМ преводена од заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, придружувана од претседателот на Градската организација на СДСМ, Васко Кичевски и членката на Извршниот одбор на СДСМ, Тања Томиќ, оддаде почит и положи свежо цвеќе на споменикот на „Сила, слава и победа“ на тврдината Кале во Скопје.
– Честити и вечни да се сите наши Илиндени! 1903,1944 и 1991 година. Нека е вечен споменот на сите наши херои, нека е вечен пламенот на слободата во нашето македонско огниште, порача Лукаревска.




