ПРЕД БЕРБА СЕ КРИЕ ПРОИЗВОДНАТА ЦЕНА НА ГРОЗЈЕТО, ОД МИНАТАТА ГОДИНА ВЕЌЕ НЕМА ДОПОЛНИТЕЛНА ПОДДРШКА ЗА ЛОЗАРИТЕ, УКИНАТА АВАНСНАТА ИСПЛАТА, УКИНАТИ МЕРКИ И ПРОГРАМИ ЗА ЛОЗАРИТЕ, ДОЦНИ ЗЕЛЕНАТА НАФТА, ОТКУПНАТА ЦЕНА ИСТОРИСКИ ЗГОЛЕМЕНА ЗА 0,5 ДЕНИ…

Владата на 29 јули 2025 година во сред одмори, донела одлука за поддршка на винариите од по 2 денари за секој литар произведено вино, без истото јавно да се соопшти и без притоа да обезбеди и донесе одлука и за дополнителна поддршка за лозарите за секој килограм произведено грозје, како што секогаш и секоја година сме правеле.
Секогаш отворено, транспарентно и партнерски и со лозарите и со винариите сме воделе аргументиран дијалог во рамки на министерството и транспарентно сме носеле и соопштувале одлуки за поддршката и кон лозарите и кон винариите.
Но минатата 2024 година беше прекината политиката за дополнителна поддршка кон лозарите од оваа Влада а веројатно тоа се случува и оваа година.
Ова доаѓа во време кога лозарите очекуваат да ја знаат производната цена на грозјето а таа цена да биде зголемена за минимум 25 % што е загарантирана откупна цена со закон а објавувањето на производната цена е и законска обврска согласно член 21 од новиот Закон за виното што го донесовме минатата година со цел да лозарите имаат за прв пат ГАРАНТИРАНА ЦЕНА.

Законот јасно кажува: Министерството мора да објави производна цена најдоцна до 15 јули.
Сега сме крај на август а државата абер нема додека пак ФАКТИТЕ за грижата кон лозарите се следни


Производната цена се крие од лозарите и се крши Законот. Зошто се крие начинот на кој е утврдена и зошто се бега од законската обврска да се соопшти производната цена ?

Нема дополнителна поддршка за лозарите за секој килограм произведено грозје ама има поддршка за винариите од 2 денари за секој литар произведено вино. Зошто сега токму таа одлука за поддршка за винариите се крие ?

Сè уште нема зелена нафта за лозарите која ја воведовме како 100 % од 9.600 денари на еден хектар.

Укината е предвремената исплата на 30% од субвенциите на лозарите или 12.000 денари на хектар што ги добиваа авансно и нема да го добијат до крајот на годината.

Укината мерка од 60.000 денари субвенција по хектар за производство на високо квалитетно грозје за производство на премиум

вина.

Укинати се програмите за нови старт-ап мали бутик семејни винарии наменети за лозарите да создадат мал производствен капацитет и од своето грозје да прават вино и да не зависат од откупувачите. Затоа и резултатот е поразителен:

Влада на СДСМ – во една година регистрирани 101 а во две години 200 мали семејни винарии. Влада на ДПМНЕ – во една година регистрирана само 1 мала семејна винарија. Значи ДПМНЕ – една нова винарија за една година. СДСМ – 200 за две години.

А за големите – зголемен лимитот и од оваа година за нив по 1 милион евра субвенции!
Лозарството е стратешка извозна гранка а лозарите заслужуваат фер цена и почит, а не кршење закони и двојни стандарди!
Фб статус на Љупчо Николовски, пратеник и поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство