Првиот човек на Крушево, Томе Христоски информираше на својот Фејсбук-профил дека пожарот околу манастирот „Св. Преображение“ или познат како манастирот на Тоше Проески е локализиран.
Тој напиша дека пожарот е ставен под контрола и ѝ одаде почит на армијата која учествуваше во гасењето на пожарот.Имено, пожарот што веќе трет ден беснееше во околината на Крушево зафати нискостеблеста шума и сува трева.