Љупчо Петковски е нов Извршен Директор на Центарот за Европски стратегии – Евротинк. Петковски како Директор доаѓа од позицијата, раководител на истражувачкиот оддел во Евротинк. Тој е дел од тимот од 2011 години (тогаш Македонски центар за европско образование).
Дипломирал политички науки и меѓународни односи на Универзитетот во Љубљана, Словенија. Магистрирал политички на државниот универзитет во Скопје. Магистрирал Идеологија и дискурс анализа на Универзитетот Есекс, Обединетото Кралство.
Неговите истражувачки интереси се демократизацијата, национализмот, популизмот и авторитаризмот; европската интеграција и теориите за интегрирањето; политика за проширување на Европската унија. Во Евротинк работел на развој и спроведување на проекти, обуки. Исто така, бил раководител на истражувачката програма.
Извршниот одбор на Евротинк ја констатираше оставката на досегашниот Извршен Директор, Бојан Маричиќ и изрази огромна Благодарност за неговата досегашна работа. Тој и натаму останува член на организацијата и ќе придонесува за натамошниот развој.
Извршниот одбор едногласно донесе одлука за нов Извршен Директор, да го именува Љупчо Петковски.
Целиот тим на Центарот за европски стратегии“Евртоинк“ воедно му се заблагодарува на Бојан Маричиќ, кој по 4 години заминува од позицијата Извршен Директор. Маричиќ кој е долгогодишен граѓански активист, несебично ги вложуваше своето знаење и ентузијазам во надградбата и промовирањето на нашата организација од 2011-тата година. Под неговото раководство Евротинк реализираше низа значајни проекти и истражувања, се ребрендираше и растеше.
Претседател на организацијата останува Андреја Стојковски.
Александар Колекески беше назначен за Раководител за програмски развој.