Има разлика!
Знаете зошто сум многу среќен? Бидејќи развојот за овие исклучително кратки две и пол години најмногу го чувствуваат три клучни категории:
1) бизнисмените и стопанствениците
2) ранливите категории, социјалните семејства и работниците на ниски и минимални плати
3) здравствените работници
Без среќни луѓе во тие три категории нема иднина!
Запрашајте се драги луѓе, посебно вие кои сте токму во тие навистина важни категории за една држава, каков е прогресот за овие две и пол години во споредба со 11-те претходни на нашите политички опоненти…
Македонскиот народ граби напред. Полека и сигурно, се менуваме. Стануваме европска земја. Македонци, со македонски јазик, во признаена држава од целиот свет!
Но, не заборавајте драги пријатели. Отворено кажуваме дека ни малку од желбите не сме ги оствариле. Можеме уште повеќе и уште подобро! 🇲🇰❤
ФБ статус на Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСM и носител во ИЕ 3