Личен пазар – велат од СДСМ за Ралев кој се сликаше со Ѓорѓиевски

Немаме зошто да толкуваме договори со Орце Ѓорѓиевски. СДСМ со реакција откако кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави фотографија со архитектот и професор Мишко Ралев кој беше еден од двете имиња за истата кандидатска позиција, но од партијата СДСМ.

-Дилови со Орце Ѓорѓиевски, кој е клaсичен избор на партиската олигархија на ВМРО-ДПМНЕ ние нема зошто да толкуваме. Може само да констатираме дека за жал станува очигледно дека мотивите за неговиот ангажман во политиката биле на ниво на личен пазар, велат од СДСМ.

Претходно, Ѓорѓиевски на социјалните медиуми објави фотографија од средбата со професорот Ралев и истакна дека ова е голема чест за неговиот тим.
„Со своето богато искуство, визија и интегритет, тој претставува силна поддршка и уште поголема мотивација за нас… Заедно ќе работиме Скопје повторно да го направиме достоинствен град — град на идеи, вредности и иднина!“, напиша Ѓорѓиевски.

Мишко Ралев е декан на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје и поранешен претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Тој беше член на Извршниот одбор на СДСМ за време на лидерството на Димитар Ковачевски.

Кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје е Каја Шукова, потпретседателка на партијата и поранешна министерка за животна средина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e