Придонесот на Северна Македонија во НАТО и ЕУ е круцијален за стабилноста на Балканот, објавил на својот фејсбук профил министерот за вооружени сили на Франција, Себастиен Лекорну, по завршувањето на средбата со министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Париз.
Лекорну, информираа од МО, истата порака ја пренсе и на состанокот на кој министерката Петровска порача дека остануваме посветени како сојузници во Алијансата, во градењето на мирот, безбедноста и стабилноста на регионот.
Како што се нагласува во соопштението, објавата на фејсбук профилот на министерот Лекорну, е мошне моќна политичка порака за улогата на Северна Македонија на Балканот.
– Имаме исти предизвици, треба да најдеме заеднички решенија. Клучот за безбедна и просперитетна иднина на регионот е во демократизацијата и засилената европеизација на Западен Балкан, истакна Лекорну меѓу другото на средбата министерката Петровска.
Северна Македонија и Франција денеска склучија Договор за одбранбена соработка, кој ќе овозможи развој на способностите на нашите вооружени сили и армиските капацитети, обука, тренинзи, како и поддршка и развој на одбранбената политика.