Претераниот увоз на стари возила, неодржливата и прекумерна градба која е спротивна на еколошките стандарди, безмилосното уништување на зеленилото и претераното користење на фосилни горива важат за едни главни причини за влошување на квалитетот на воздухот.
Од друга страна, лошата улична инфраструктура, неизградбата на подземни сообраќајници, хаосот во градскиот сообраќај и низа други фактори секојдневно доведуваат до зголемување на концентрацијата на ПМ 2,5 и ПМ 10 честички над максимално дозволените граници, а многу често и дваесет пати повеќе од дозволеното, пред се’ во Скопје, Тетово, Битола, но и во многу други градови.
Наместо инвестици во животната средина и здравјето на своите граѓани, власта помалку наивно, инвестираше во низа непродуктивни т.н. проекти, како што се барокни фасади, панорамски тркала, жални врби и галии.
Бесплатниот јавен превоз низ Скопје по нецели два дена, од несфатливи причини е укинат. Оваа активност на градските власти треба да продолжи, во комбинација со низа други мерки, како што е забрана за сообраќај во најкритичните зони, подобра организација на јавниот сообраќај, забрана на сите градежни активности на одреден период, набавка на современи пречистувачи на воздухот и засилена контрола од државните и локалните инспекции. Досега, не видовме дека некој од големите загадувачи е санкциониран и дека е запрена било каква градежна активност, стои во реакцијата од ЛДП.