ЛАЖНИТЕ ОБВИНУВАЊА НА ЦВЕТАН ТРИПУНОВСКИ Се распрскуваат како меур од сапуница

Деновиве, во фокусот на јавноста се обвинувањата на дополнителниот заменик-министер за земјоделтво, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски кој е кадар на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ а кои се однесуваат за наводни незаконски исплатени средства за финансиска поддршка на малите производители на храна и пијалаци.

На ваквите обвинувања, веднаш со демант излегоа од ресорното министерство.

„Вистината е дека овие програми се реализираат преку законот за извршување на буџетот, нешто што и во самата програма јасно е наведено. Вистина е дека малите производители на храна и малите винарници се успешна приказна по која како држава сме препознатливи во регионот. Останува прашањето што треба да го одговори дополнителниот заменик-министер дали е против поддршката кон малите производители на храна и пијалаци? Преку овие неточни обвинувања дополнителниот заменик-министер јасно праќа порака дека е против малите производители на храна, малите винарници, против жените земјоделки и младите земјоделци, кои се диреткни корисници на овие програми.” – стои во реакцијата.

Освен министерството, исто така и 67 мали семејни винарии, реагираа на како што велатизнесените невистини од страна на техничкиот министер за земјоделие Цветан Трипуновски во врска со доделените грантови на малите семејни винарии од страна на МЗШВ.

“Ние како единствено здружение кое ги поврзува сите мали винарии од Македонија имаме морална обврска да ја кажеме вистината. Грантот во 2022 и и 2023 беше јавно објавен на страната на МЗШВ и сите што аплицираа и ги исполнуваа условите добија грант, без оглед на партиската припадност, спротивно од тврдењата на г-динот Трипуновски дека добиле само блиски на актуелниот министер Николовски. Грант добија и Советник во општина Кавадарци од Вмро Дпмне, кандидат за градоначалник на општина Росоман од ВМРО Дпмне, раководител во подрачна единица на МЗШВ Кавадарци во време на ВМРО Дпмне и сите други наши членови на здружението кои имаа уредна документација. Само една мала винарија беше одбиена, Агро Стратус, затоа што член на комисијата во МЗШВ е во роднинска врска со сопственикот на винаријата, спротивно на тврдењата на техничкиот министер Трипуновски.” – потенцираа од здружението на македонските семејни винарии.
makedoncite-berat-grozje-vo-italijanskite-lozja
 Дека обвинувањата од страна на Цветан Трипуновски, се ништо друго туку предизборно замајување на јавноста, може да се констатира и од интервјуто за порталот МАРИЛИ на претседателката на Националната федерација на фармери (НФФ) Васка Мојсовска, сопственичка и генерален менаџер на „Агро Калем“, Тимјаник кое е направено пред пресконференциите на Трипуновски а во кое интервју Мојсовска точно посочува дека на иницијатива на НФФ, пред неколку години заедно со Министерството за земјоделство и Агенцијата за храна се изработија и правилниците за продажба од куќен праг и сега истите тие производители на преработките од земјоделските производи имаат можност истите производи легално да ги продаваат од куќен праг.
Еве го делот од интервјуто кое се однесува на правилниците кои многу им ја олеснија работата на истите овие земјоделци a во кои Трипуновски од само за него познати причини, измислува наводни неправилности.

МАРИЛИ: Како претседателка на Националната федерација на фармери (НФФ), имате ли податоци кои и какви органски и здрави производи произведуваат нашите фармери и дали некои од нив се наменети за извоз?

МОЈСОВСКА: Нашите вредни земјоделци произведуваат голем број на производи кои се органски и здрави за конзумирање, почнувајќи разни производи од мед, сирење, градинарски култури, преработки од овошје и зеленчук низ целава наша Македонија.

Сите тие производи се застапени на нашиот, но и на странскиот пазар. На иницијатива на НФФ, пред неколку години заедно со Министерството за земјоделство и Агенцијата за храна се изработија и правилниците за продажба од куќен праг и сега истите тие производители на преработките од земјоделските производи  имаат можност истите производи легално да ги продаваат од куќен праг.

Овие правилници многу им ја олеснија работата на истите овие земјоделци затоа што тие преку правилниците за продажба од куќен праг  можат да се регистрираат во Агенцијата за храна како мали оператори на храна и без страв од страна на потрошувачите да си ги продаваат своите преработки.

Најголем дел од овие мали оператори на храна им помогнаа и грантовите од 10.000 евра кои што МЗШВ преку националната програма за рурален развој ги додели токму на овие мали оператори на храна и секако саемите кои што се организираат каде што можат да се претстават. Овие саеми, освен што ги организира МЗШВ, и ние како Национална федерација на фармери ги организираме за нашите членови кои што се регистрирани мали оператори на храна. Сите овие поддршки треба да продолжат, сѐ со цел нашите земјоделци преку преработките да направат својот земјоделски производ да вреди неколку пати повеќе од откупните цени  и да му додаде вредност на својот земјоделски производ.

МАРИЛИ: Во рамки на НФФ во изминатите години направите  многу за руралната жена. Што е предвидено во таа насока во тековната година?

МОЈСОВСКА: Целиот тим на НФФ, Управниот одбор, извршната канцеларија и членството посветено работат на лобирање во измени на закони и правилници, сѐ со цел да се подобрат условите за живот на руралното население и луѓето од ранлива категорија, а тоа се жените, младите и лицата со попреченост од рурални средини.

И сами рековте дека многу работи се променија од нашето лобирање од иницијативите за правилниците за продажба од куќен праг. Едни сме од иницијаторите за измените во Законот за вино за регистрација на семејните винарии, грантовите за жените од рурални средини и последната наша иницијатива со подршка на WE effect, успеавме да најдеме привремено решение за надоместок за мајчинство за регистрираните индивидуални земјоделки преку Фондот за пензиско осигурување, односно секоја регистрирана земјоделка, којашто ќе се оствари во улогата на мајка, ќе може да аплицира преку програмата за социјална осигураност на жените преку Министерство за земјоделство и ќе добие деветмесечен надоместок за мајчинство од 100.000 денари во 2024 година.

Во 2023 година таа сума беше 81.000 денари, оваа година лобиравме за зголемување. Така што овој 30-годишен проблем, оваа година на наша иницијатива, привремено се реши.

Но, ние не застануваме со работа и во 2024 година. Веќе почнавме со работа за изнаоѓање на системско решение за овој проблем каде што преку работната група која што ја формира НФФ, во која членуваат претставници од Министерство за  земјоделство, Министерство за Труд и социјална политика, Фондот за здравство, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Управата за јавни приходи, Правниот факултет и Платежната агенција, ќе работиме на изнаоѓање на системско трајно решение за породилно отсуство за регистрирани земјоделки и за болничко боледување за регистрирани индивидуални земјоделци.

Целото интервју на линкот тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e