Лазаревски од УСАИД: Владата е посветена на зајакнување на институциите против корупција

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, оддржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, денеска учествуваше на конференцијата „Соработка на институциите во борба против корупцијата: Научени лекции и унапредување на соработката“ во организација на Транспаренси Интернешанал – Македонија, а со поддршка од УСАИД.

Целта на проектот е зајакнување на владеењето на правото и транспарентноста преку соработка помеѓу институциите, обезбедување на техничка помош и зајакнување на капацитетите и соработката помеѓу Државната комисија за спречување на корупција и Државниот завод за ревизија како надзорни тела и Академијата за судии и јавни обвинители која ги обучува идните судии и јавни обвинители, како институции одговорни за спроведување на истраги и процесирање на предмети.

На конференцијата беше истакната важноста од заеднички акции и соработка, преку искористување на меѓународните искуства. Вицепремиерот Николовски во своето обраќање, ја истакна важноста и потребата од беспрекорна координација, соработка и усогласување со сите институции за подигнување на борбата против корупцијата на врвот на листата на приоритетите.

– Особено е корисно кога се повеќе чинители ќе бидат координирани и напорите ќе бидат зголемени во борбата против корупцијата. После многу координации, за кои денес повторно гледам дека се главна тема, ги детектиравме сите слабости и сите проблеми на некомуникација, на некоординација, на неповрзаност, на немањето размена на информации. Детектиравме појави кои, 30 години, никој не се нафатил да ги реши, односно да ги воспостави тие механизми на соработка и комуникација, истакна Николовски, забележувајќи дека со завршувањето на процесот на дигитализација целосно ќе бидат надминати детектираните празнини.

Директорот на УСАИД за граѓанско учество, Драган Лазаревски, во ова прилика изјави дека нивната колективна работа за развој на ефективни, транспаренти и инклузнивни процеси кој го поддржуваат владеењето на правото имаат за цел да ја намали корупцијата и да ја зајакне довербата во институциите.

– Охрабрува подготвеноста на институциите за соработка и меѓусебно искрено партнерство и сега нема никаква дилема дека е вистински момент да овој процес се поддржи од сите засегнати страни, но за долгорочен успех и одржливост на овие напори секој мора да ја одигра својата улога. Во текот на изминатиот период сведоци сме на засилена посветеност на Владата за поддршка и јакнење на капацитетите на Државната комисија за спречување на корупција, Државниот завод за ревизија, но и на Академијата на судии и јавни обвинители, што во корелација со фактот дека Собранието ја усвои Националната стратегија за борба корупција заокружува важен сегмент од ова партнерство и поставува здрави основи за постигнување на видливи резултати, додаде Лазаревски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e