Кузеска: Очајниот губитник Мицкоски ќе протестира против европскиот пат, но нема да успее да ја врати државата назад

Христијан Мицкоски продолжува со деструктивното, незрело и неодговорно однесување на штета на граѓаните, државата и европската иднина. – порача денеска Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Протестите што денеска ги најави, се последните обиди на Мицкоски за спас на неговата фотелја во Белиот дворец.
Очаен и фрустриран од третиот последователен пораз од граѓаните, тој повторно ќе ги малтретира своите сопартијци по улиците како што тоа го правеше и претходно после секој пораз.

Денес за струјата глуми загриженост оној кој ја поскапи 100% и ја укина евтината тарифа.
Мицкоски ќе протестира против правдата која доаѓа, но нема да успее да ја спречи, правда ќе има. – рече Кузеска.
Христијан Мицкоски упорно не се откажува од определбата земјата да оди назад. Еве го, ќе протестира против европскиот пат и патот кој го избраа граѓаните, патот напред.
Мицкоски ќе протестира против борбата со Ковид 19, против повисоки плати, ќе протестира против европскиот пат и патот кој го избраа граѓаните, патот напред.

Граѓаните на овие фер и демократски избори му упатија јасна порака на поразениот Мицкоски, го оставија во опозиција.
Мицкоски нема поддршка од граѓаните и повторно нема да успее.

Поразениот од народот, не може да се повикува на народот.

Кога веќе ги најавува протестите, Мицкоски треба да каже и кој ќе му ја плати логистиката за нивно одржување. Орце Камчев или Никола Груевски? Или, математички прецизно ќе го сторат по принципот 50-50?

На едната страна се граѓаните и нивната европска определба, на таа страна е и Владата, а на другата се Мицкоски, Груевски, Камчев и нивната определба да се оди назад.
Мицкоски нема ниту сила ниту начин да ја однесе државата назад.

Граѓаните, државата продолжуваат по вистинскиот, европскиот, пат, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ остануваат заглавени во деструктивното, антидржавно однесување. – вели Кузеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e