Кузеска: Алтернатива покажа спремност и одговорност, ќе се задржи континуитетот на важните процеси за државата и граѓаните

„Договорот на СДСМ и Алтернатива е цврст, базиран на стабилноста и напредокот на државата во делот на европските вредности. Алтернатива покажа спремност и одговорност да раководи со дел од институциите во време кога сме соочени со повеќе предизвици“ кажа портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска во емисијата „Патот кон“ на ТВ Алсат М.

Таа додаде дека Владата ќе биде реконстуирана во јануари, а јавноста ќе биде благовремено известена за сите промени во позициите и министерските места.

„Парламентарното мнозинство е стабилно, Влада ќе има, оставката на Зоран Заев е поднесена. Новиот мандатар ќе ја формира и новата влада, а паралелно со тоа ќе течат и процесите во СДСМ за избор на ново раководство со цел да се воспостави континуитет на важните процеси за државата и граѓаните“ кажа Кузеска.

Таа додаде дека со реконструкцијата на Владата ќе се даде нова енергија за решавање на сите недостатоци за кои граѓаните беа гласни и кажаа дека треба да се завршат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e