Досегашната в.д. директорка на Царинската управа, Славица Кутиров е реизбрана за директор на оваа државна институција. Според Кутиров, која беше в.д. од август минатата година, реизборот е потврда за квалитетното менаџирање на Управата во изминатиот период.
Таа нагласува дека Царинската управа е значајна институција која има високо ниво на усогласеност со регулативата и стандардите на ЕУ и во континуитет дава силна поддршка на бизнис секторот и легалната економија во целина.
Својата професионална кариера Кутиров ја развива во Царинската управа повеќе од дваесет години и е прв директор кој потекнува од институцијата, а доби мандат да ја извршува оваа функција во следниот период.