Кукан од Тирана: Тешко се работи со ВМРО-ДПМНЕ, не може да се бираат браќата и сестрите

Европратеникот од Европската народна партија од Словачка, Едуард Кукан на големиот Форум на поврзаноста (Connectivity Forum) во Тирана беше прашан како се чувствува што ВМРО-ДПМНЕ им е сестринска партија.

Според извори на „Фронтлајн“, одговорот на Кукан е дека, за жал, „не може да се бираат браќата и сестрите“ и многу е тешко да се работи со нив, „бидејќи не сакаат да се променат“.

Воедно, тој се изразил пофално за премиерот и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, велејќи дека „тој го следел интересот на граѓаните и државата, а не теснопартискиот интерес“.

Ова се надоврзува на сознанијата за меѓународната изолација на ВМРО-ДПМНЕ за кои е пишувано уште во мај годинава, посочува порталот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e