Кривичниот суд донесе одлуки за најголемиот дел од предметите на СЈО. Еве кој што доби!

Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска соопшти дека донел решенија за сите предлози за определување мерки поднесени од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО), освен за послените два обвинителни акти кои пристигнаа синоќа.

Иако обвиненијата во одлуките кои се на располагање на јавноста имињата и презимињата на обвинетите се прикажани само со иницијали, можете да претпоставите за кого се работи.

Предлозите кои се дел од предметот КОК ООА бр. 18/17 во јавноста познат како „Тарифа“ за определување мерки за претпазливост против Д.Б., М.С. и Н.Ѓ., се уважуваат и на обвинетите им се определуваат мерки за претпазливост. Обвинетите имаат обврска секој работен понеделник да се јавуваат кај надлежно службено лице во судот, привремено им е одземена патната исправа и издадена е забрана за издавање нова патна исправа.

Прелогот кој е дел од предметот КОК ООА бр. 19/17 во јавноста познат како „Трезор“ за определување мерки за претпазливост против Н.С., делумно се уважува и на обвинетиот му се определуваат мерки за
претпазлиовст и тоа привремено одземање на службена патна исправа и забрана за издавање на нова службена патна исправа, и привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа.

Предлозите кои се дел од предметот КОК ООА бр. 21/17 во јавноста познат како „Титаник 2“ за определување мерки за претпазливост против М.Т., Б.И., С.С., Б.Н.П, Б.А., А.Џ. и Г.Ф., се одбиваат како неосновани, соопшти Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Предлозите кои се дел од предметот КОК ООА бр. 22/17 во јавноста познат како „Топлик“ за определување мерки за претпазливост против Т.Ѓ., Д.Д., М.Т., Д.Г. и В.Т., се уважуваат и на обвинетите им се определуваат мерки за претпазливост – Обврска обвинетите секој работен понеделник да се јавуваат кај надлежно службено лице во судот и привремено одзмање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа.

Предлозите кои се дел од предметот КОК ООА бр. 23/17 во јавноста познат како „Тендери“ за определување мерка притвор против Е.К.М. и Л.Л.Ц., се одбиваат како неосновани. По службена должност им се определуваат мерки за претпазливост и тоа обврска обвинетите секој работен понеделник да се јавуваат кај надлежно службено лице во судот и привремено одзмање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа. Додека предлогот за определување мерки за претпазливост против Ј.У. и тоа обврската обвинетиот секој работен понеделник да се јавува кај надлежно службено лице во судот и привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа, се уважува.

Предлозите кои се дел од предметот КОК ООА бр. 24/17 во јавноста познат како „ТНТ“ за определување мерки за претпазливост против А.Д.А, Е.Н., Н.Р. и М.З., се уважуваат и на обвинетите им се опредлуваат мерки за претпазливост – Обврска обвинетите секој работен вторник да се јавуваат кај надлежно службено лице во судот и привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа. Предлогот за определување мерка притвор против Т.Т., се одбива како неоснова, а по повод предлогот по службена должност му се определуваат мерки за претпазливост – Обврска обвинетиот секој работен вторник да се јавува кај надлежно службено лице во судот и привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа.

Предлозите кои се дел од предметот КОК ООА бр. 25/17 во јавноста познат како „Траекторија“, за определување мерка притвор против В.П., се одбива како неоснован, а по повод предлогот по службена должност му се определуваат мерки за претпазливост – Обврска обвинетиот секој работен вторник да се јавува кај надлежно службено лице во судот и привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа. Предлогот за определување на мерки за претпазливост против Љ.Г., се уважува и му се определуваат веќе наведените мерки за претпазливост.

Предлогот кој е дел од предметот КОК ООА бр.26/17 за определување мерка притвор против Ѓ.П., се одбива како неоснован, а по повод предлогот по службена должност му се опредлуваат мерки за претпазливост – обврска обвинетиот секоја работна среда да се јавува кај надлежно службено лице во судот, привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова и привремено одземање на службена патна исправа и забрана за издавање на нова.

Предлогот на СЈО поврзан со предметот во јавноста познат како „Тифани“, за определување мерки за претпазливост против И.Т. заради постоење на основано сомнение дека сторила кривично дело – Даночно затајување го уважи предлогот и определи мерки за претпазливост и тоа – Обврска секој работен понеделник во месецот да се јавува кај надлежно службено лице во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, и Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државната граница.

Предлогот на СЈО поврзан со предметот во јавноста познат како „Тревник“, за определување мерки за претпазливост против З.П. и С.П.заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – Бесправно градење од член 244 – а ст.1 од КЗ, го уважи предлогот и спрема двајцата обвинети определи мерки за претпазливост и тоа – Обврска на обвинетите секој работен понеделник во месецот да се јавуваат кај надлежно службено лице во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, и Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државната граница.

Предлогот на СЈО поврзан со предметот во јавноста познат како „Тотал“, за определување мерка притвор против Д.П.-Л. заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Даночно затајување се одбива како неоснован, а по повод предлогот по службена должност му определи мерки за претпазливост и тоа –Обврска на обвинетиот секој работен понеделеник во месецот да се јавува кај надлежно службено лице во Основниот суд Скопје 1 – Скопје; Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државната граница, и Забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Предлогот на СЈО поврзан со предметот „Титаник“, за определување мерка притвор против Е.А. заради основано сомнение дека сторил кривично дело – Уништување на изборен материјал од член 164 ст.3 в.в ст.1 од КЗ, и И.Г. заради основано сомнение дека сториле кривично дело – Уништување на изборен материјал од член 164 ст.3 в.в ст.2 и ст.1 од КЗ, се одбива како неоснован.

Предлогот поврзан со предметот „Тортура“, заради основано сомнение дека е сторено кривично дело – Мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување кон Љубе Бошкоски го уважи и на обвинетиот И.А., му определи мерки за претпазливост.

– Обврска обвинетиот секој работен петок во месецот да се јавува на надлежно службено лице во Основниот суд Скопје 1 – Скопје и Забрана обвинетиот да се приближува или воспоставува односно одржува врски со друго лице, наведено во решението. Додека на останатите наведени обвинети им определи мерка за претпазливост – Обврска обвинетите секој работен петок во месецот да се јавува на надлежно службено лице во Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Што се однесува до преостанатите два предлози за Никола Груевски и Сашо Мијалков кои до судот беа доставени доцна синоќа, по донесување на одлуките, нивна писмена изработка и достава до странките во постапката, јавноста ќе биде навремено известена.

Сите обвинети, вклучително и СЈО во рок од 3 дена од врачувањето на решението имаат право да поднесат жалба по што ќе се донесе кончената одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e