Здружението „Зелена лупа“ поднесе кривични пријави до Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, и иницијативите за покренување на одговорност на судии поднесени до Советот за утврдување на факти и одговорност на судии.
Од „Зелена лупа“ бараат одговорност на судиите кои како што велат дозволија бегство на обвинетите Горан Грујовски и Никола Бошковски.
-Кривичните пријави, и иницијативите за покренување на одговорност ќе се поднесат за судиите кои што се одговорни за бегството на обвинетите и за кои постојат основани сомненија за одговорност во врска со бегството на Горан Грујовски и Никола Бошковски“, велат од „Зелена лупа“.
Од здружението велат велат дека со вакви иницијативи очекуваат резултати.