Кривична пријава за 26 лица од Штип – го оштетиле буџетот на општината за 300.000 евра

26 лица од општина Штип заработија кривични пријави поради тоа што го оштетиле буџетот на Општината за речиси 300.000 евра, објави МВР.

СВР Штип, до Основното јавно обвинителство Штип, поднесе кривична пријава против З.А.(51) од Неготино и Љ.П.(43) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, против А.М.(40) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување исправа“, против Љ.Т.(41) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со „фалсификување исправа“, против М.А.(62) од Штип и С.К.,(63) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против уште 20 лица од Штип, исто така, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. З.А. – одговорно лице во правно лице од Скопје и Љ.П. – сопственик на правното лице, кое се јавува како носител на јавна набавка за испорака на нафта за греење – екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1), распишана од општина Штип за потребите на градинките, основните и средните училишта под надлежност на општина Штип, од 2021 до 2023 година во 35 наврати испорачале многу помала количина на нафта од количината која што ја фактурирале и наплатувале од горенаведените установи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e