Кражба во фабриката „Железара“: Украдени кабли вредни речиси 200 илјади денари

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против тројца соизвршители на кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Во првите денови од март годинава, од кругот на фабриката „Железара“, обвинетите украле различни видови кабли вредни вкупно 196, објави 4news.mk 500 денари, сопственост на правно лице од Кавадарци. При кражбата оштетиле и кабел кој бил дел од јавна електрична инсталација, вреден 800.000 денари. Кога ги натовариле каблите во автомобил и се обиделе да ги изнесат од кругот на фабриката, обвинетите биле откриени и лишени од слобода.

Со поднесеното обвинение јавниот обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за еден од обвинетите, додека за останатите двајца на сила се мерки на претпазливост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e