До крајот на август не чека невиден пекол – од септември нагло освежување

Скопје го очекува продолжен период на високи температури, со вистински топлотен бран кон крајот на август. Според прогнозата, до 23 август температурите ќе се движат меѓу 30 и 37 степени, а од 24 август започнува нов пораст. До крајот на месецот живата во термометарот ќе достигне и до 39 степени.

На 31 август и 1 септември се најавуваат максимални 37–38 степени, што ќе биде еден од најжешките периоди ова лето. Сепак, веднаш потоа следува нагла промена – од 2 до 4 септември температурите ќе паднат за повеќе од 10 степени, со дневни вредности околу 25–26 степени и повеќе облачност.

Времето повторно ќе се стабилизира од 5 септември, кога Скопје ќе очекува сончеви денови со пријатни температури меѓу 27 и 29 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e